Пронашле украден автомобил по цели 40 години

Американската полиција во сојузната држава Тенеси пронашла Фолксваген Буба, украдена пред 40-тина години во Детроит, но сега не може да го пронајде сопственикот кој ја пријавил кражбата.

Кражбата во 1974 година ја пријавил Џозеф МекДоналд, но телефонскиот број што тогаш го оставил повеќе не е во употреба.

Бубата произведена 1965 година е откриена во јануари на пат за Канада, од каде требало да биде пренесена во Финска за реставрирање. Возилото со фабричка црвена боја, по кражбата било префарбано во бела боја, а последниот сопственик на возилото не знаел дека било украдено.

24.02.2014 - 19:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега