Беквалац призна: Му раскинав на Влада зошто сакаше да се всели во мојот стан

Српската пејачка Наташа Беквалац раскина со манекенот Влада Вуксановиќ, а причината за тоа била бидејќи тој сакал да се всели во нејзиниот стан, а тоа на пејачката воопшто не и се допаѓало, пишува српски Курир.

Како што пишува српски Курир овој пат е навистина крај на нивнаѕа њубовна романса.

Таа му се врати на поранешното момче, Љубо Јовановиќ, а луксузиниот стан во Дедиње во кој таа се всели овој месец е оаза на мирот.

- Наташа сеуште не се распакува како што треба во станот, а Владо започна да зборува како треба да започнат заеднички живот. На Наташа и дојде преку глава.

Секој динар што го заработи во последните две години го вложуваше во тој стан, во отплата на кредитот и луксузното опремување.Иако за тоа време беа заедно Владо не вложи ама баш ништо, а потоа посака да се всели кај неа. Таа идеја Наташа ја доведе до лудило , раскажал еден енјзин близок пријател.

24.02.2014 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега