Бебе починало откако медицинска сестра го исклучила респираторот без дозвола на родителите

 

Рохан Родес е бебето кое било родено 14 седмици пред време, но преживеал првите неколку критични седмици и се оправувал на оделот за неонатална нега. Меѓутоа срцевиот канал кој обично се затвара при раѓање останал отворен па лекарите го упатиле во Бристол. Со оглед на неговата состојба сеуште му бил потребен респиратор.

Бебето починало кога медицинската сестра го исклучила респираторот без дозвола на родителите. Неверојатно, но против сестрата нема никакви санкции, таа сеуште работи во истата болница.

Неговите родители тврдат дека медицинската сестра која се грижела за бебето го исклучила респираторот. А откако го исклучила кај Рохан се развил некротичен ентероколитис. Рохан имал неколку инфаркти и починал следниот ден.

Се подразбирало дека против одговорната сестра ќе се превземат некакви мерки, но таа сеуште работи во болницата. Родителите на Рохан се вратиле во собата после кратка пауза и го нашле бебето исклучено од респиратор.

Не знаеме зошто сестрата тоа го направила, но сме сигурни дека тоа го чинеше живот. Медицинската сестра смее да исклучи респиратор само по наредба на лекар, а ние знаеме дека тоа не било одлука на лекар.

Ковчегот за нашето бебе има облик на брод. Тоа го направи Алекс од материјалите кои претходно ги купивме за да му направиме детско креветче.

24.02.2014 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега