Плоштадот „Независност“ преплавен со цвеќиња во чест на загинатите
Во чест на 82-та загинати во немирите во Киев, денескаилјадници жители носат цвеќиња на плоштадот „Независност“ и соседните улици, кои минатата седмица станаа сцена на крвавите судири меѓу демонстрантите и силите на полицијата.
Одредите за самоодбрана на плоштадот „Независност“ продолжуваат таму да дежураат, како и претходно а барикадите во центарот на украинската престолнина се уште не се отстранети.
По улиците на Киев се уште се чувствува напнатост. Членови на радикалните сили во Украина велат дека им е наредено да бидат во целосна борбена готовност.
24.02.2014 - 15:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа