Вака изгледа сексот по 50-тата година

Сакате да знаете каков е секстот  по 50-тата година? Еве ви го одговорот. Овие четири жени кои се на различна возраст и со различни искуства откриваат како навистина изгледа сексот по 50-тата година, и зашто не треба да се нервирате околу тоа.

Ангела: Уште секс, ве молам!

70-годишната Ангела Нојштатер е во брак со својот сопруг Оли 40 години! И покрај тоа, страстите се' уште се присутни! Иако е во одминати години, како мајка на два возрасни синови, Ангела има редовен сексуален живот!

"Видов коментари на интернет кои велат дека одвратно да се има секс по 50. година. Жал ми е, но сексот не престанува на тие години. Мојот сопруг и јас го имаме често. Ја нема онаа хемија од која едвај се воздржуваш, но има интима која е поткрепена со пријателство, почитување и разбирање. Јас и мојот сопруг сега живееме сами, не работиме, и децата не ни пречат. Доколку сте во форма и имате време, уживајте, сексот подмладува. Доколку тоа не ви одговара, едноставно прескокнете го и не се нервирајте на таа тема".

Џенет: Сака негувателка, а не жена!
72-годишната Џенет Купфеман е вдовица откако нејзиниот сопруг, со кого била во брак 24 години, починал. Одгледала две деца и сега живее сама.

"Пораката која модерното време им ја праќа на жените е дека, доколку не уживаат во секс од пубертет до гроб, не се нормални, фригидни или нешто им фали. Не е така. Јас уживав во сексот со децении, но пред 15 години се посветив на други страсти. Се форсира убедувањето дека сите редовно имаат секс, но мислам дека многу жени, кога би биле искрени, ќе откријат дека тоа не е точно. Покрај тоа, за секс ви е потребен партнер, а мажите на моја возраст сакаат негувателка."

62-годишната Пети Парфит: Мажите ме посакуваат, но ќе одбијам
Пред некој ден ми довикуваа мажи од едно градилиште. Бев поласкана, но и свесна за своите години. Мојот поранешен сопруг и јас имавме прекрасен сексуален живот, но сега кога сум сама признавам дека ми недостасува. Не е лесно да се најде партнер на овие години, дури и кога се' уште ги привлекуваш машките погледи. Сепак, едноставно не ти е до секс кога ќе наполниш одредени години.

Марсел Д'Арги Смит: Кого лажете?
79-годишната Марсел била уредничка во Космополитен, а никогаш не се омажила. Денес, признава дека не и' е до секс.

Имав одличен сексуален живот и сега се чувствувам како да не пропуштам ништо, како тоа да било доволно.

"Ми се случува да флертувам со маж кој има 42 години и' е многу привлечен и духовит. Кај мене ги разбуди хормоните како да сум девојка, меѓутоа не дојде до секс и мило ми е поради тоа. Денес сме блиски пријатели и, иако ми недостасува сексот, не жалам за ништо".

 

Извор: Точка

24.02.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега