Попоски: Очекувам Бугарија да не ја попречи Македонија на патот кон ЕУ

 

 

Убеден сум дека во Бугарија не постои никаква придобивка од негативен став кон Република Македонија. Мислам дека нашиот искрен и отворен однос, кој беше повторен и на последната премиерска средба Груевски - Борисов во Скопје и на претходните министерски средби кои ги имавме се доста добар индикатор за тоа што сакаме да постигнеме. Сакаме коректен, отворен и конструктивен однос помеѓу два европски партнерa. Би било исклучително штетно доколку Бугарија игра улога на попречувач на евроинтеграциските процеси на Македонија, со оглед на тоа што е земја од последниот бран на проширување на Унијата, и е земја која има видено огромни придобивки од таа интеграција. Не постои никаков аргумент Бугарија да дозволи какви било попречувања во иднина за реализација на европскиот проект кој вклучува и членство на Македонија во ЕУ, изјави за Дojче Веле министерот Попоски.

- Тоа значи почитување и на меѓусебните ставови и права за самопределување Исто, како што Македонија и Македонците ја почитуваат Бугарија и Бугарите, исто, толку треба и бугарските граѓани и бугарската држава да ја почитуваат волјата и чувствата на Македонија и на македонските граѓани, вели Попоски.

- Постоеше најава, која се надевам дека ќе се реализира за кусо време, за продолжување на средби помеѓу претставници на министерствата за надворешни работи. Наша оценка е дека и натаму сакаме да имаме квалитативно подобрување што е можно поголем број контакти, вклучително и на политичко ниво и сметаме дека тоа е одраз на одличните односи кои постојат помеѓу луѓето и бизнисите од двете земји. Целта ни е да ги оставиме позади нас сите оние вештачки креирани проблеми кои мотивраа определени блокади во односите меѓу Македонија и Бугарија, додаде Попоски.

најчитано сега