Ако сакате да постигнете подобар успех на испит, мора да пиете вода
Резултатите од новото истражуање покажуваат дека студентите постигнуваат подобар успех на испит доколку за време на неговото полагање пијат, верувале или не, обична вода.
Истражувањето претставено на Psychological Society Annual Conference не ја испитуваше причината зошто пиењето вода ја подобрува оценката на испит, но научниците претпоставуваат дека во позадина се неколку физиолошки и психолошки причини.
Еден од нив е директно физиолошко влијание на хидратацијата врз способноста на размислување, додека другиот би бил, влијанието врз смирувањето на студентите и намалување на анксиозноста за кои се знае дека го намалуваат успехот на испитот. Ова не треба воопшто да зачудува, ако се знае дека повеќе од 90 отсто од количеството крв - нашиот главен систем за пренос на хранливи материи и кислород - го сочинува токму водата.
Недостигот на вода, согласно тоа, може да го загрози нашиот крвен систем предизвикувајќи пад на крвниот притисок, краткотраен прекин на свеста поради недоволната прокрвеност на мозокот, поголема можност за настанување на тромбоемболиски компликации и послаба прокрвеност на сите наши органи.
Имајте на ум дека дневниот внес на течности би требало да биде поголем од излачената количина. Ако не сте сигурни дали дневниот внес на вода е доволен, проверете ја бојата на својата урина. Таа треба да биде светла, речиси безбојна.
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа