Расмусен: Нато ќе ја продолжи соработката со Украина
Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен изјави дека НАТО и натаму останува пријател на народот на Украина и украинските граѓани треба самите да си ја определат својата иднина.
Тој ја поздрави одлуката на украинската армија да остане неутрална и ги повика сите во Украина да го зачуваат мирот, за да можат да се фокусираат на демократијата, стабилноста и просперитетот преку мирен дијалог и предвремени избори.
23.02.2014 - 15:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа