Фудбалер на Црвена Ѕвезда донирал 80 000 евра за лечење на малечката Уна

Се уште постојат хумани луѓе. Доказ за тоа е и Милош Нинковиќ, играч на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда, од Белград. Можеби нема да вервате но тој платил најголем дел од сумата од 80 илјади евра потребна за лечење на малечката Уна, која боледува од тешка болест.

Уна Савиќ боледува од тешка форма на леукемија и се наоѓа на лечење во болница во Франфкурт, каде трошоците за самиот престој семногу видоки па поради тоа родителите побарале помош.

Во Србија трае голема хуманитарна акција во која се собираа потребните средства, но како и вообичаено, сумата која била собрана била и незначителна, па фудбалерот кога ја прочитал информацијата едноставно ги додал сите пари кои преостанувале за да се пополни фондот од 80 илјади евра.

23.02.2014 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега