Со 150 километри на час Никола Младенов излетал до патот
Откриена е брзината со која се движело возилото, а вештите лица утврдиле како се превртел спортскиот „мерцедес“ со кој патувал Младенов, додека Судска медицина ќе треба да даде свој извештај за нивниот дел од истрагата, велат од МВР за Плусинфо.
Од Судска медицина велат дека возилото на Младенов се движело со брзина од околу 150 километри на час.
- Кога една брзина е констатна и крвотокот, притисокот и внатрешните органи се приспосубуваат на брзината со која се движи возилото. Во случајот, тоа било брзина од околу 150 километри на час. Во еден момент, функционирањето на телото запрело од 150 на нула. Не е откриено дека имал срцев удар. Бидејќи брзината била голема, кога возилото наеднаш запрело, органите доживеале шок. Ги очекуваме деталните наоди од токсикологија по што ќе можеме со сигурност да го објавиме нашиот извештај , зјавија за Плусинфо од Судска медицина.