Верувале или не- оваа жена успеа да го победи ракот со помош на мајчиното млеко

 

Верувале или не, 62- годишната Џени Џоунс од Брисбен го излечила ракот со мајчино млеко и убедена е дека токму тоа и го спасило животот. На оваа жена откако пред седум месеци  и бил откирен рак на коските,  секој ден пие по 400 мл млеко од анонимни донатори, кои ги пронашла по социјалните мрежи.

Медицински е докажано дека мајчиното млеко помага за подобрување на имунитетот кај новороденчињата како единствен извор, кој не може да се замени со ниту една друга храна.

Докторите  не и препорачале да пие млеко, но докторот Џон Флин од болницата во Брисбен и дал најголема поддршка.

Џоунс по 7 месеци лекување со мајчино млеко, добила значајно намалено ниво на присуство на рак во организмот, а тоа било очигледно уште првиот месец, откако започнала да пие млеко.

Во меѓувреме таа била подложена и на стандардно лекување од рак. Користела орална хемотерапија.

Онкологот Стивен Стајлан вели, дека е тешко да се утврди, дека лекувањето всушност дало резултати кај Џоунс, но вели, не би ја исклучил можноста точно млекото да е да е причина за лекувањето.

“Никогаш не сум сакала да пијам мајчино млеко, но сега го пијам на екс затоа што навистина верувам во него”.

23.02.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега