Герман: Јанукович не планира да даде оставка
Портпаролката на украинскиот претседател Ана Герман изјави дека не Јанукович не планира да поднесе оставка бидејќи како што вели тој смета дека случувањата во земјата се државен удар.
Постојаниот претставник на претседателот во Врховната рада Јуриј Мирошниченко се уште не ја потврди информацијата за повлекувањето на Јанукович.
Претходно, пратеникот на опозициската партија „Баткившчина“ (Татковина) Николј Катеринчук изјави дека Парлемент очекува писмена оставка од Јанукович.
"Веќе добивме устна изјава од Виктор Јанукович. Сега очекуваме на писмено", истакна Катеринчук, додавајќи оти оставката била побарана од лидерот на опозицијата Арсениј Јацењук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа