Кајмакоски си ја отвори душата: Со позајмени 200 евра се појавив на Х-Фактор

 

Нашиот претставник на регионалното шоу Икс- Фактор, Даниел Кајмакоски кој успеа да дојде до финалето  за српскиот дневен весник Ало откри дека неговата мајка морала да позајми 200 евра за тој да може тој да се појави на аудицијата во Белград.

- На аудицијата во Македонија ме пријави еден мој другар, меѓутоа не добив никаква повратна информација од организираторот. Прашав дали може да отидам во друг град, а тие ми овозможија, со тоа што утредента требаше да се појавам во Белград.

“ Тогаш и кажав на мајка ми: Ова е неверојатно, не знам каде ќе спијам, немам пари, не можам во хотел” изјавил Кајмакоски за Ало.

Тој си ја отвори душата и вели дека немал  ниту еден денар во џебот за да може да тргне на аудицијата па неговата мајка позајмила  200 евра од својата соседка за тој  да може да тргне  во Белград.

Се сеќавам на зборовите на мајка ми:

- Сине, гледаш дека животот е тежок, гледај само да се исплати цела оваа мака и дај се од себе. Веруваме во тебе!

 Овие зборови никогаш нема да ги заборавам. Тргнав на аудицијата со позитивна енергија и не успеав да заспијам додека патував до Белград. Искрено не се ни надевав дека ќе поминам на аудицијата.

 

Меѓутоа, на крајот се испадна како што треба и Даниел помина супер на таа аудиција.

22.02.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега