И по потпишувањето на спогодбата демонстрантите се уште се на киевскиот плоштад
По потпишувањето на спогодбата со претседателот на Украина, Виктор Јанукович, на плоштадот „Независност“ во Киев и натаму се наоѓаат околу десет илјади демонстранти.
Андреј Парубиј кој е еден од организаторите на протестите денска изјави дека опозициските активисти целосно го презеле „административнот кварт“ во главниот град на Украина, додека медиумите пренесуваат противречни информации околу тоа дали Јанукович си заминал од Киев.
Парубиј изјави дека активистите на „Самоодбрана“ и Десниот сектор го презеле обезбедувањето на Врховната рада, на администрацијата на Јанукович и на главната управа на Министерството за внатрешни работи во Киев.
Засега нема официјална потврда на киевската полиција или градската администрација за овие тврења, но претставникот на Јанукович во Парламентот, Јуриј Мирошниченко изјави вчера дека полицајците почнале да се повлекуваат во согласност со соодветната собраниска одлука од четвртокот. Пратеникот од опозициската партија „Татковина“ (Баткившчина) истакнува дека на полицајците им е кажано дека „сите можат да преминат на страната на „Мајданот и дека Самоодбрана е подготвена заедно со нив да патролира“.
Лидерите на опозицијата вчера потпишаа спогодба со Јанукович за решавање на кризата, која подразбира враќање на Уставот од 2004 година, со што се намалуваат надлежностите на претседателот, формирање на влада на национално единство и одржување предвремени претседателски избори до крајот на годината.
Дел од светските медиуми, повикувајќи се на американски функционер јавија синоќа дека Јанукович го напуштил Киев и заминал во Харков на „одреден состанок“.
Стејт департментот коментираше дека „не е ништо необично Јанукович по донесување на важни политички одлуки да го посети истокот на земјата, каде има многу приврзаници“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа