Белата куќа ја поздрави спогодбата во Украина

 

Светските агенции пренесуваат дека Белата куќа го поздрави потпишувањето на спогодбата за излез од кризата во Украина.

-Ги поддржуваме напорите на сите кои ја договорија оваа спогодба и храброста на лидерите на опозицијата, кои признаа дека постигнувањето на компромисот било неопходно, изјави Џеј Карни, портпаролот на Белата куќа.

Тој посочи дека Вашингтон одблиску ќе следи како ќе се применува спогодбата и останува подготовен да наметне санкции доколку тоа се покаже за неопходно.

-Сега вниманието треба да се фокусира врз примената на оваа спогодба, подвлече Карни

21.02.2014 - 18:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега