Муслиманите нема да може да патуваат на Марс

 

Исламските водачи во Обединетите Арапски Емирати, сметаат дека муслиманите доколку се одлучат да патуваат на Марс непотребно би го загрозиле својот живот.

Според нив астронаутите би влегле во истата категорија како и самоубијците, а оваа верска наредба е издадена откако се појави приказната за мисијата на Марс, во која астронаутите добиваат карта во еден правец за Црвената планета.

„Патувањето е опасно по живот, а исламот тоа никако не може да го оправда. Екипажот на Марс можеби нема да преживее, верува одборот, а професорот Фарук Хамада додава дека „заштитата на животот е нешто околу што се согласуваат сите религии".

21.02.2014 - 17:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега