Стогодишен дедо ќе се кандидира на изборите за американскиот Конгрес

 

Џо Њуман, е стогодишен Американец од Флорида кој се претставува како „активист и пра-пра дедо“. Тој стана ѕвезда на американската политика откако одлучи да се кандидира на изборите за американскиот Конгрес во ноември.

На блогот на својата кампања објави дека првпат ќе се кандидира за да се слушне гласот на сите граѓани, а не само на професионалните политичари.

- Имам 101 година и не планирам долга политичка кариера, што би значело продавање на идеали и вредности за евентуален повторен избор, наведе на блогот и додаде дека се надева дека ќе ги инспирира другите.

Њуман, кој се претставува како човек на напредокот, син е на руски доселеник и ќе биде еден од противниците на републиканскиот кандидат Верн Букенон.

Борбата против сиромаштијата и заложба за здравјето за сиромашните се некои од неговите изборни цели, истакна Њуман  на WWSB, локалната телевизиска станица.

На својот Твитер објави слоган во кој се поигрува со зборовите:

- Да се гласа за стар човек е да се гласа за нов (Newman).

Најстариот конгресмен во овој момент е претставник на Тексас, Ралф Хал,  кој има 90 години.

21.02.2014 - 17:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега