Вистински хорор- ги запалил своите внуки бидејќи останал неженет

Вистински хорор се случи во Индија. Еден Индиец ги запалил живи своите три внуки бидејќи останал неженет.

Како што соопштила индиската полиција, монструмот   го извршил тројното убиство додека семејството присуствувало на свадба, по што се фрлил од мост.

Девојчињата 9- годишната Акшаја, 6- годишната Сури и 4- годишната Куши исчезнале попладнето, а вечерта во 10.30 часот семејството добило повик од вујкото 37 - годишниот Нарендра Реди кој  им  јавил дека е 50 километри подалеку во друг гради и дека сака да се самоубие.

Полицијата пристигнала на мостот,  но телото не е најдено, туку само неговиот часовник и влечки па се претпоставува дека се фрлил во реката.

Вујкото ги намамил девојчињата со чоколатца, пренесуваат индиските медиуми, додавајќи дека човекот бил во депресија што не е оженет, како неговите браќа.

21.02.2014 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега