Не се добри прогнозите за претстојниот викенд

 

Времето утре претпладне во Македонија биде сончево, а попладне претежно облачно со локален дожд. Во југоисточните делови кон крајот на денот е можна појава на краткотраен пороен дожд.

Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во недела и во понеделник времето ќе биде пооблачно. Во вторник ќе настапи стабилизација на времето со пониски температури. 

21.02.2014 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа