Тамара Милановиќ: Во Македонија имам најмногу фанови

Натрпеварувачката на Икс Фактор Тамара Милановиќ без грам шминка и пористојно облечена ги пречека своите фанови во Скопје и воедно даде кратко интервју за порталот  Курир  

На прашањето дали таа во приватниот живот сака да се шминка, Тамара одговори:

- Приватно, многу ретко се шминкам. Сакам да се дотерувам, но само кога имам инспирација.Сакам експерименти со шминката и со гардеробата, но не претерувам. Само, на Х-фактор. Таму ми се допаѓа тоа што го прават со мене. Приватно сакам “кежуал фазон“. Се трудам да изгледам младо, а се уште не сум свесна дека имам 26 години, вели Тамара.

Тамара многу автограми потпиша и за Курир вели дека македонските фанови и се во голем број и дека ужива во нивното внимание.

- Знаев колку фанови имам во Скопје и Македонија. Тоа го дознав на Фејсбук.  Од самиот почеток, од првата аудиција, најмногу деца-фанови имам од Македонија. На профилот и на мојата фан страна, истакна Тамара.

ФОТО: Курир

21.02.2014 - 15:28
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега