Реката Сава ја поплави Хрватска

Реката Сава повторно надојде во Хрватска. Во населбата Чичка Пољана се отсечени 80 куќи, а нивото на водата ја помина минатогодишната критична точка.

Во шест населби во близина на Сисак над 200 куќи се поплавени, а денеска војската таму ќе постави народни кујни.

Од Министерството за одбрана е соопштено дека во фаза на подготвеност се околу 1,100 војници.

Нивото на Сава и Купа не опаѓа, па и понатаму се загрозени приградските населби во Сисак со околу 4,000 жители, а Одра ги поплави речиси сите населби од Сисак до Велика Горица.

До сега Црвениот крст и Каритас на жителите им поделиле два тони храна.

21.02.2014 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега