Автомобил и автобус се искршија на патот Тетово-Попова Шапка - четири лица во болница
Страотна сообраќајна несреќа се случила утрово околу 9 часот и 10 минути на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во близина на Гајре.
До сообраќајната несреќа дошло кога автомобил „Поло“ со тетовски таблици управуван од 35-годишниот Ш.Ф и автобус „Даф“ со тетовски таблици што го управувал 60-годишниот тетовчанец Н.И се судриле, при што со повреди се здобиле четири лица.
Со тешки телесни повреди се задобила сопатничката од „Полото“ 38-годишната К.Ф која има скршеница на клучната коска и која по укажаната помош во тетовската клиничка болница е задржана за натамошно лекување. Задржан за обсервација е уште еден сопатник, додека возачот и третиот сопатник задобиле лесни повреди и пуштени се дома, пренесе МИА.
Полицијата ги истражува причините поради кои дошло до несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа