Беби-ситерка киднапирала бебе и се обидела да го продаде во Атина

Уапсени се две женски лица на возраст од 40 и 54 години, и двајца мажи на возраст од 38 и 39 години поради сомнение дека се обиделе да продадат едно бебе.

Грчката полиција трага по уште една Бугарка, поради сомнение дека била соучесник во ова казнено дело.

Четириесетгодишната осомничена за киднапирањето, требала да го чува бебето додека мајката на бебето вадела документи во бугарскиот конзулат во Солун.

Беби-ситерката планирала да го продаде бебето за 6.500 евра.

Неколку дена подоцна, 54-годишната Бугарка и нејзината сонародничка биле на нотар, каде се обиделе преку трик да го продадат бебето така што помладата жена се претставила како мајка на бебето, а постарата како жена која сака да го посвои.

Двајцата уапсени мажи им се заканиле на родителите на бебето случајот да не го пријавуваат во полиција. Грчката полиција по апсењето и истрагата ќе го врати бебето кај родителите.

21.02.2014 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега