Ќе се дознае ли конечно вистината за исчезнувањето на малата Меделин?
Комесарот на Скотланд Јард, Бернард Хоган-Хоу потврди дека британската полиција ги знае имињата на тројцата осомничени за случајот со малечката Британка Маделин Мекан, која во почетокот на мај 2007 година, исчезна додека беше на одмор со родителите во Португалија.
- Целата истрага бележи напредок, изјави комесарот на Скотланд Јард.
Станува збор за тројца провалници коивлегувале по становите на странци и во хотелските соби и апартмани во португалското одморалиште Праја да Лош, во областа Алгарве. Уште од порано, португалската полиција знаела дека при еден провален грабеж, налетале на дете оставено да спие во апартманот што го изнајмиле странци, но на тој случај не му обрнале поголема внимание, ниту го поврзале со исчезнувањето на малечката Маделин.
Британското девојче кое тогаш имаше три години, како и нејзините помали брат и сестра,останале да спијат во апартманот во хотелскиот комплекс „Оушн Клаб“ додека нивните родители, отишле на вечера во блискиот ресторан, заедно со своите пријатели од Велика Британија. Кога родителите се вратиле, забележале дека ја нема Маделин, па ја алармирале полицијата.
Британската полиција направи анализа на телфонските разговори на тројцата осомничени и разбра дека тие во ноќта кога исчезна Маделин, биле во непосредна близина на апартманот каде таа спиеше и во времето кога беше покрената тревогата, а дека потоа постојано меѓусебе контактирале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа