Марадона ја прекина пензијата- со своите 53 години повторно се враќа на фудбалот

Диего Армандо Марадона ја прифати понудата на својот пријател, адвокатот Виктор Стинфејл кој е сопственик на петолигашкиот тим од Аргентина, Депортиво Риестре.

Неверојатна новост пристигна од Аргентина, еден од најпознатите светски фудбалери  Марадона се враќа активно во играњето фудбал на свои 53 години.

Славниот фудбалер би требало да започне со играње на 23 март а колку неговото враќање во фудбалот е важно покажува и податокот дека малиот клуб може да го напушти стадионот кој собира 3.000 гледачи и да заигра на стадионот на кој играат светските шампиони Сан Лоренс со капацитет од 43.000 седишта.

21.02.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа