„Страшно е!“ - амбасадорот Спасеновски проговори за крвопролевањето во Киев

Македонскиот амбасадор во Украина во телефонски разговор за Плусинфо го опиша хоророт што се случува во Украина.

Страшно е, тоа е единствениот збор кој сега ми текнува и може да ја опише целата ситуација која владее во Киев. Нашата амбасада е во непосредна близина на судирите, но, ние останавме за цело време во оваа држава. За три дена, во Киев загинаа 77 граѓани, а повеќе од 400 се тешко повредени, вели за Плусинфо македонскиот амбасадор во Украина, Ацо Спасеновски.

- Два дена сме во Врховната Рада сите дипломати заедно со претставници од Германија, Франција и Полска, заедно со лидерите од власта и опозицијата и сме на чекор до изнаоѓање компромис да се реши ситуацијата. Се надевам дека сè ќе заврши добро - вели Спасеновски за Плусинфо.

За среќа меѓу загинатите нема македонски државјани.

Пред да стартуваат преговорите, демонстрантите во Киев, на барање на опозициските парламентарци, ги ослободија полицајците кои беа заложници на радикални лица кои учествуваа во протестите на плоштадот Независност, објавува ИТАР-ТАС. 

21.02.2014 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега