Штрајк на аеродромот во Франкфурт- откажан 41 лет

Во светот владее хаос. Покрај многубројните протести и штрајкови на незадоволните граѓани овој пат вработените од обезбедувањето на најпрометниот германски аеродром во Франкфурт на Мајна, стапија во предупредувачки штрајк со барање за поголеми плати и подобри услови за работа, што доведе до долги редици патници, гужви и откажани летови.

Како што изјави портпаролот на аеродромот за германскиот магазин Шпигел  досега се откажани  вкупно 41 лет.

 

Синдиктот Верди изутринава од два часот ги повика сите приватни безбедносни компании на аеродромот да го прекинат работењето до вечер во 23 часот по локално време.

21.02.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа