Отворен ден на Музејот на град Скопје

 

Музејот на град Скопје по повод Меѓународниот ден на музеите 18. мај, ќе биде отворен за сите посетители во рамки на програмата „Музејот за децата - децата за музејот“.

Сите заинтересирани можат да учествуваат во музејско – едукативните работилници кои ќе се одржат денеска во просториите на Музејот, а темата ќе биде „Скопје 63" од 9 до 16 часот.

Покрај работилниците на кои децата ќе можат креативно да се изразат преку цртежот, глината, колажот, ќе можат да погледнат и проекции на краткометражни документарни филмови на теми поврзани за Скопје и земјотресот од 1963 година.

Филмовите се добиени по пат на соработка на Музејот со Кинотеката на Македонија.

ФОТО: Инпрес

најчитано сега