Околу сто и триесет полицајци ранети за време на немирите во Украина

Како што соопшти украинското Министерство за внатрешни работи од почетокот на немирите во вторникот па до денес околу сто и триесет припадници на украинската полиција добиле огнострелни рани.

 

Министерството нагласува дека 410 полицајци се на болничко лекување поради повреди добени за време на демонстрациите додека пак вкупно 565 полицајци побарале медициска помош од 18 февруари.

21.02.2014 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега