Тројца повредени во сообраќајки во Скопје

 

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди. Во три од несреќите биле повредени три лица, а две се само со материјална штета. 

Во Скопје се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција казнила четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Панајот Гиновски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

 

 

21.02.2014 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа