Крваво во Киев - 67 лица загинаа

Како што пренесоа локалните медиуми, бројот на жртвите во судирите во Киев се зголеми на 67 лица.

На сајтот на Киевската градска администрација е наведено дека на одделенијата за судско-медицински вештачања се донесени 67 тела, пренесоа агенциите.

Министерството за здравство на Украина претходно денеска изнесе податоци според кои до пладне имало 35 жртви, од кои седум погинале денеска.

Секретаријатот за здравство на Киевската градска администрација соопшти дека до 14 часот по средноевропско време лекарска помош побарале 551 повредено лице, од кои 332 се сместени во болниците.

Американските медиуми од Киев го пренесуваат тврдењето на координаторот на лекарскиот тим на демонстрантите, Олех Муси, дека во судирите со полицијата погинале најмалку 70 учесници во протестот, истакнувајќи дека оваа бројка може да се зголеми.

За сега таа изјава нема независна потврда, наведао американските медиуми, додавајќи дека странските репортери претходно на централниот плоштад виделе најмалку 21 беживотно тело.

Болниците во Киев денеска ги посети омбудсманката Валерија Луктовска која изјави дека тие се преполни, пренесе Итар-Тасс.

Според амбудсманката на украинското собрание, во судирите до денеска погинале приближно 50 лица, „но има информации дека има многу повеќе жртви“.

-Таму се наоѓаат десетици лица со прострелни рани. Фактички на улиците на украинскиот главен град се случуваат воени активности, рече Лутковска, барајќи  „веднаш да се прекине со крвопролевањата“.

Масовните улични немири беа обновени во  вторникот, на  18 февруари, на денот на заседавањето на Врховната рада (Парламентот), на која опозицијаата бараше враќање на Уставот од 2004 година со кој се стеснуваат овластувањата на претседателот на државата. 

20.02.2014 - 18:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега