„Сакам нешто да ви кажам“ во Културно-информативниот центар

 

Во Културно-информативниот центар во Скопје ќе стартува јавниот промотивен настан „Сакам нешто да ви кажам“. На настанот ќе биде прикажан дел од постигнатите резултати во рамки на проектот „Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дрога кај средношколската популација во град Скопје“.

Преку фотографии, постери, музика, видео, есеи, песни и театарски претстави средношколците ги пренесуваат пораките за превенција од употреба на дроги.

Проектот во изминатите девет месеци го спроведуваше ХЕРА-Асоцијацијата за здравствена едукација во соработка со поддршка од Град Скопје и во него беа вклучени девет средни училишта од главниот град. 

Учениците, стручните служби и професорите креираа најразлични активности кои имаа за цел на позитивен и отворен начин да ги информираат своите врсници и соученици, а со тоа и да создадат безбедна атмосфера каде што секој може да добие помош и поддршка за овие проблеми. 

најчитано сега