Утре никаде без чадор - не очекува дождлив петок

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно. Попладне и при крајот на денот понекаде и со слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а долж Повардарието повремено умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува и слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

До понеделник ќе преовладува претежно облачно време со повремен локален дожд, а температурата ќе биде во постепено опаѓање.

20.02.2014 - 16:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа