Не претерувајте со кафето- тоа и штети на вашата меморија

Чаша црно кафе наутро може да ве расони и активира при извршувањето на дневните обврски, но британските научници тврдат дека веќе две шољи кафе може да Ве одведат во сосема друга насока.

Две чаши јако црно кафе можат негативно да влијаат на помнењто или поконкретно на краткотрајната меморија.

Тим научници од Даблин спроведоа истражување на група од 32 студенти. 16 од нив се напија по две шољи црно кафе (околу 200 милиграми кофеин), а другите пак се напија иста количина на кафе без кофеин.   

Студентите потоа работеа тест на општи знаења составен од сто лесни прашања чиј одговор е само еден збор.    

Пред одговорот на секое прашање на студентите им биле понудени десет потенцијални одговори (од кои само еден е точен), а еден од понудените одговори е збор многу сличен на точниот одговор.    

При тоа, студентите кои се напиле кафе со кофеин поспоро одговарале на прашањата и почесто давале грешни одговори за разлика од студентите кои се напиле кафе без кофеин.    

Но сепак многу научници тврдат дека оваа теорија не е проверена на доволен број испитаници за да може да се тврди дека кофеинот навистина има негативно влијание на помнењето.

20.02.2014 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа