Кајмаковски не се крие - „План Б“ е виновен што не испратиле официјално барање

Продукција МБК реагира на написите во македонските интернет портали кои без да се обратат до нив објавија информација со која го нападнаа нивниот ексклузивец, учесникот во Х Фактор Даниел Кајмакоски.

-Нашиот ексклузивец Даниел Кајмакоски беше повикан од организаторот на Златна Бубамара господинот Ранко Петровиќ, кој се обрати официјално до нашата МБК продукција со барање, Даниел да присуствува на манифестациајта Златна Бубамара на популарноста на ден 19.02.2014, при што ке ја прими наградата за Откритие на годината и ќе има свој настап. Барањето на господинот Петровиќ беше да присуствува и претставник на нашата МБК продукција бидејки треба да прими награда која оваа реномирана манифестација ќе му ја врачи на проектот Х Фактор како најуспешен Балкански проект.

- Нашата продукција со големо задоволство го прифати ова барање и истото беше одобрено. Господинот Петровиќ, ги презема на своја одговорност сместувањето и патувањето на нашиот ексклузивец и нашите вработени - велат од МБК.

Во нивната реакција се потенцира дека присуството на Даниел во Скопје е исклучиво заради гостувањето на манифестацијата Злата Бубамара на популарноста и дека никогаш официјално не добиле барање Даниел Кајмакоски да присуствува на прес конференцијата која се одржала во Сити Мол денеска на 20.2.2014.

- Запознаени сме со концертот на нашиот член на жири комисијата, Кики Лесендриќ, но истиот е приватен и независен проект од  Х Фактор, секако на негово барање се согласивме да одобриме гостување на нашите ексклузивци на концертот закажан за 14-ти март во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Со ова сакаме да ги демантираме сите наводи дека Даниел Кајмакоски не дошол, не присуствувал, ги избегнал, или намерно не се појавил на закажаната прес конференција. Нашиот ексклузивец е должен да се појави на места кој се одобрени со официјално барање до нашата продукција МБК и истиот е известен за тие обврски.

Потврдуваме дека официјално барање од продукцијата План Б никогаш  нема пристигнато на нашата адреса и поради тоа немаа право да го повикуваат како гостин на прес конференцијата, а со тоа да му нанесат штета на неговиот углед кај сите кој го почитуваат она што тој го прави.

Нашиот ексклузивец и понатаму ќе настапува и ќе им биде достапен на своите фанови, како и на новинарите и на сите кои сакаат да уживаат во неговата музика.

20.02.2014 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега