МОН доделува стипендии за изучување старотурски јазик

 Министерството за образование и наука првпат ќе додели стипендии за додипломски и постдипломски студии за старотурски јазик на универзитети во Турција или во други земји кои имаат катедри за ориенталистика.  За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

 

- Старотурскиот е меѓу најстарите документирани јазици на ова подрачје, од 7 до 12 век, голем број докуемнти, записи, архивски податоци на територијата на Република Македонија се напишани на старотурски јазик. Тој е различен од актуелниот турски јазик и е мешавина од турскиот, персискиот и некои арабиски елементи. За нас ќе биде значајно ако 15 студенти се запишат на додипломски или на постдипломски студии во Турција или во други источни земји каде што се изучува старотурскиот јазик, а ќе бидат стипендирани од Владата на РМ. Република Македонија има потреба за превод на сите тие историски документи, но и катастарски документи зашто има и голем број тапии, како и поради пристапот што ни го даде турската Влада до архивите, изјави Ристовски.

Ќе бидат доделени 15 вакви стипендии. Македонија има потреба од таков стручен кадар поради голем број стари документи и ретки ракописи кои ги има во македонските архиви, библиотеки, но и во имотните книги.

20.02.2014 - 13:45
Фото: 
региони

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега