Во сабота „Сите на снег“ на Попова Шапка

Во организација на Скијачката федерација на Македонија и сноуборд клубот „Полар“ в сабота на Попова Шапка ќе се одржи манифестацијата „Сите на снег“.

- На оваа манифестација неколку десетици деца на возраст од 6 до 14 години ќе имаат можност да ги направат првите чекори во скијањето и во сноуборд. За нив ќе се грижат 15 искусни тренери кои ќе се обидат да ги воведат во овие зимски спортови, информира на денешната прес-конференција Кирил Насков, секретар во Скијачката федерација на Македонија.

Главниот покровител на манифестацијата „АД ЕЛЕМ“ за сите деца обезбеди бесплатно користење опрема, бесплатни часови, бесплатен оброк и превоз од местата од каде што доаѓаат. За сега се пријавени дечиња од Велес, Кочани и Скопје.

- Еден од капиталните проекти што започнува годинава е изградба на шестоседата жичарница. Должината на трасата е 1.420 метри, иницијалниот капацитет за транспорт на скијачи е 2.400 скијачи на час, а максималниот 3.200 скијачи на час. По должината на оваа жичарница ќе бидат изградени три скијачки патеки со вкупна должина од 5 километри, изјави директорката на „ЕЛЕМ Турс“ Јованка Стојанова.

 

20.02.2014 - 13:25
Фото: 
лидер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега