Мис Венецуела убиена за време на студентските протести

 

Докторите не успеаја да и го спасат животот на Венецуелската мисица Генесис Кармоне (22) која беше застрелана за време на студентските протести во Венецуела откако непознат напаѓач отворил оган врз студентите кои протестираа против владата.

Освен Кармоне за време на протестите живото го загубија и други пет студенти.

Мисицата била погодена во пределот на главата кога еден од минувачите ја дигнал од земјата и со својот мотор итно ја пренел во најблиската болница каде долторите и покрај брзата реакција неможеле да и го спасат животот на младата Кармоне.

Во меѓувреме од сите страни пристигнуваат извештаи дека полицијата пука кон демонстрантите и насилно се обидува да ги запре студентските протести.

20.02.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега