Лекарите се борат за животот на мало бебе - таткото му ставил метадон во чајот

Хорор го потресе Сплит. Лекарите од Клиничкиот центар примиле бебенце кое има само седум месеци бидејќи неговиот татко му ставил метадон во чајот!

Според податоците на хрватските медиуми, родителите го донеле бебето во тешка состојба во вторникот навечер, а лекарите брзо констатирале дека е отруено со метадон. Полицијата веднаш започнала истрага и го привела 31-годишниот татко на бебето кај кој било пронајдено шишенце со метадони.

Според податоците на Слободна Далмација, родителите на детето се зависници од дрога.

Лекарите се уште се борат за неговиот живот.

20.02.2014 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега