Тони Блер и делел совети на обвинетата новинарка Брукс
Осудената новинарка Ребека Брукс, поранешен извршен директор на новинската компанија „Њуз Интернешенел“ и пред тоа, главен уредник на „Сан“ и на „Њуз оф д Ворлд“ на само шест денови пред да биде уапсена, за аферата со прислушувањето добивала совети од поранешниот британски премиер Тони Блер.
Откриетието за тоа дека Блер ја советувал Брукс, во деновите по ескалацијата на аферата, во јули 2011 година, кога беше затворен неделникот „Њуз оф д Ворлд“ каде избувна скандалот со прислушувањето и одново беше отворена истрагата на Скотланд јард, а таа поднесе оставка на директорската функција, беше соопшетно во текот на судскиот процес, на кој обвинителството ги изнесува своите докази против обвинетата.
Како доказ за „советничката улога“ на Блер, обвинителството го посочи електронското писмо на Брукс што таа го испратила, откривајќи дека разговарала со поранешниот премиер еден час, преку телефон каде јасно се гледа дека Блер се согласил да и помогне со совети на Брукс, а преку неа и на Руперт Мардок сопственик на „Њуз Интернешенел“ и на укинатиот весник, како и на неговиот син Џејмс Мардок, но само „неофицијано“.
Во разговорот, Блер на Брукс и сугерирал како да се однесува во тие тешки денови за неа и за компанијата, да се подготви за својата одбрана, инсистирајќи на отвореноста на сите работи што ќе ги преземе.
Од ноември минатата година, Брукс и уште шестмина други лица се изведени на суд, обвинети за заговор за прислушување на мобилните телефони на познати британски јавни личности, како и за прикривање на доказите и попречување на правдата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа