Хигиеничарка фрлила две уметнички дела мислејќи дека се отпад

 

Една хигиеничарка во јужниот италијански град Бари не сакајќи исчистила уметнички инсталации кои биле дел од изложбата, отворена вчера вечер. 

Директорот на компанијата за чистење, Лоренцо Рока рече дека жената „само си ја работела својата работа“, кога помислила дека две уметнички дела се дел од ѓубрето кое останало од посетителите кои дошле на отворањето на изложбата.

Организаторите на изложбата наведоа дека едно од уметничките дела кое чистачката го „собрала“ за комуналците, содржело парчиња колачиња, расфрлени по подот, како дел од уметнички аранжман.

Директорот се извини за недоразбирањето и  наведе дека неговата компанија од осигурувањето ќе плати за фрлените уметнички дела чија вредност се проценува на 10.000 евра.

20.02.2014 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега