Војна на улиците во Киев - загинаа уште пет лица
Во денешните протести во Киев регистрирани се пет нови жртви, јави Би-Би-Си.
Бохдан Соловиј, лекар кој се грижи за демонстрантите изјави дека осум луѓе загинале од огнено оружје откако демонстрантите се обиделе да преземат контрола врз зграда во близина на кампот на демонстрантите.
Повеќе од 400 лица побарале лекарска помош од вчера до денеска.
Инаку, протестите траат повеќе од три месеци.
20.02.2014 - 10:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа