Венизелос: Грција не планира да го признае Косово

Како што објавија приштинските медиуми Грција „и понатаму не планира да го признае Косово“, а една од локалните телевизии пренесува дека тоа директно го потврдил заменикот премиер на Грција, Евангелос Венизелос веднаш по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи.

Од друга страна, Тачи рекол дека набрзо ќе биде отворена косовска канцеларија во Атина со цел соработка со таа држава, објави Коха диторе.

 

Венизелос, како што додава весникот, рекол дека Грција ја поддржува интеграцијата на Косово во ЕУ.

20.02.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа