Во Украина прогласен Ден на жалост

 

Поради смртта на 28 луѓе за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Киев денеска e Ден на жалостvo Украина.

Знамињата се на половина копје, а концертите и спортските натпревари се откажани.

Иако синоќа  претседателот на Украина, Виктор Јанукович прогласи примирје и отпочнување  директни преговори со опозицијата демонстрантите се уште се на плоштадот „Независност“ и бараат оставка од Јанукович.

Во меѓувреме, припадници на специјаланата полициска единица „Беркут“ презедоа акција и се обидуваат да ги растераат демонстрантите од киевскиот плоштад. Во операцијата се употребуваат шок-бомби и гумени куршуми. На плоштадот се слушаат силни експлозии и се издига црн густ чад.

Утринава во Киев пристигнаа шефовите на дипломатијата на Франција, на Германија и на Полска, Лоран Фабиус, Франк-Валтер Штајнмаер и Радослав Шикорски. Тие ќе имаат средба претставници на украинската власт и опозициските лидери, а потоа ќе поднесат извештај до министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска ќе имаат вонредна седница посветена на кризата во Украина.

 

 

20.02.2014 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега