Харис Чато: Македонките "полудеа" за мене на социјалните мрежи
Харис Чато кој на шестата лајв емисија на Икс-Фактор немаше доволно поддршка од публиката, па мораше да го напушти музичото шоу, вели дека откако се појавил на Икс-Фактор има многу обожавателки кои го прогонуваат.
- Не очекував дека ќе излезам. Но, добро. Тоа е тоа, публиката одлучи така. Моите фанови требало повеќе да се потрудат бидејќи веќе еднаш бев во дуел, но тоа е што е, на крајот излегов јас, вели Харис.
Чато кој е еден од најмладите натпреварувачи на шоуто вели дека Лукијан со кого беше на двобој му е пријател идека му е милошто останал во шоуто бидејќи тоа и го заслужува. Додава и дека неговата менторка Емина Јаховиќ му е најголема поддршка и дека му ветила дека тука неговата кариера дефинитивно нема да запре.
Харис си ја отвара душата па за српскиот Курир изјавува и дека има многу обожавателки кои постојано трчаат по него и му праќаат пораки, а меѓу нив најбројни биле Македоннките кои постојаному праќаат пораки на Фејсбук. Харис вели дека секојдневно му пристигнуваат пораки од Македонија идека девојќињата го молат да им одговори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа