Крвава ноќ во Киев: 28 лица загинаа 445 побарале лекарска помош

 

Не престанува да се пролева крв на улиците во Киев. Бројот на жртвите во судирите достигна 28 лица, според најновите податоци од украинското Министерство за здравство.

Медицинска помош побарале 445 луѓе од кои 287 се задржани во болница. Хоспитализирани се 88 припадници на полицијата, шестмина новинари, четири деца на возраст до 18 години и двајца странски граѓани.

Еден од лидерите на украинската опозиција Виталиј Кличко изјави синоќа дека претседателот Виктор Јанукович вети дека нема да се урива кампот на демонстрантите подигнат во центарот на Киев во момент кога во градот втора ноќ по ред горea барикади, а демонстрантите бараат оставка од Јанукович.

 

 

 

Насилствата во Украина ги осуди и американскиот претседател Барак Обама предупредувајќи дека Украина ќе носи последици ако продолжат неммирите. Тој нагласи дека армијата не треба да се вклучува во разрешување на ситуацијата која граѓаните може да ја разрешат сами.

 

Демонстрантите во меѓувреме синоќа се пробија до главната пошта на киевскиот Плоштад независност познат како Мајдан, откако претходно беше запалена зграда во близина заземена претходно од демонстрантите.

 

Опозицискиот пратеник Олех Љашко предупреди дека и самиот Јанукович е во опасност.

 

– Ќе завршиш како Гадафи – или ќе претстанеш да убиваш луѓе или таква судбина те чека. Запамти го тоа, диктатору, порача Љашко.

Протестите во Киев траат веќе три месеци.

20.02.2014 - 08:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега