Меркел подготвена да подаде рака на Јанукович

 

Германската канцеларка Ангела Меркел е подготвена да води преговори со украинскиот претседател Виктор Јанукович, доколку тој изрази таква желба.

- Ние секако ќе разговараме со опозициските партии, а исто така ќе бараме можност да водиме преговори со Владата и со украинскиот претседател, доколку тој е подготвен за тоа, изјави Меркел по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд во Елисејската палата. 

За време на денешната средба, Оланд и Меркел заеднички ги осудија настаните во Украина, нарекуваЈјќи ги  „неописливи, неприфатливи и недозволиви дела“. Двајцата изјавија дека „креаторите на репресијата ќе бидат казнети“.

- Меркел и јас, заедно со нашите две влади, ги осудувме сите акти на репресија кои доаѓаат од власта. Повикуваме да прекинат насилствата и да се врати мирот. Тие кои ги сторија  овие дела, и оние кои се подготвуваат да направат други, треба да знаат дека ќе бидат казнети, изјави францускиот претседател. 

19.02.2014 - 19:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега