Компанијата Новратис обвинета за лажно рекламирање на лек за висок притисок

 

Поради обвинението за лажно рекламирање на лекот Диован (Валсартан) против висок притисок јапонската полиција денеска ги претресе просториите на јапонската филијала на швајцарската фармацевтска компанија Новартис.

Претставници на обвинителството во Токио ги запленија документите на компанијата.

Јапонското Министерство за правда во јануари поднесе тужба против Новартис, поради „лажната и преувеличената реклама на лекот“.

Пред извесно време неколку универзитети открија дека јапонскиот огранок на Новартис веќе два месеци рекламира лек против хипертензија, преувеличувајќи ја неговата ефикасност но Новартис  сето тоа го одрекува.

Еден од вработените во фирмата учествувал во универзитетското клиничко испитување на лекот и ги фалсификувал статистичките податоци за ефикасноста на лекот, така што навел дека лекот не само што е добар против висок крвен притисок, туку и дека лекува ангина пекторис и спречува мозочен удар.

 

 

19.02.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега