Даниел Кајмакоски Тамара и Кики утре доаѓаат во Скопје

 

Нашиот натпреварувач на Икс-Фактор, Даниел Кајмакоски, Кики Лесендриќ и Тамара Милановиќ, утре доаѓаат во Скопје.

Причина за доаѓањето е гостувањето во емисијата Еден нa еден, како и прес-конференција која ќе се одржи за новинарите. 

Ексклузивната емисија со Кики, Тамар и Даниел, Тв Алфа ќе ја емитува на 02 март, а на утрешната прес-конференција, ѕвездите од музичкото шоу Икс Фактор во друштво на легендарниот Кики Лесендриќ и неговите Пилоти, лично ќе одговорат на сите новинарски прашања.

Инаку, на 14 март ѕвездите заедно со Кики Лесендриќ и Пилоти доаѓаат во спортскиот центар Борис Трајковски, каде ќе ја забавуваат македонската публика.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и можете да ги најдете на продажните места на Купи Карти За Се како и во стандардните продажни места низ Скопје и цела Македонија: Пола Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад - Рамстор. Цената на влезниците до 5 март е: трибина - 400, партер - 350, фан пит - 700 и вип трибина – 1000.

19.02.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега