Скандал: Косово ги штити обвинетите во Монструм - еве доказ дека Демири и Исмаиловиќ немаат косовско државјанство

 

Кликнете тука за поголема фотографија

Алил Демири и Агим Исмаиловиќ немаат косовоско државјанство. Информаијата за Вечер ја потврдиле од Косовското МВР. Во дописот од косовското МВР стои дека двајцата обвинети никогаш не доставиле барање за државјанство во Одделението за државјанство, азил и миграција на Министерството за внатрешни работи на Република Косово.

Со ова паѓаат во вода шпекулациите дека Демири и Исмаиловиќ се и косовски државјани и дека тоа е единствената пречка за нивна екстрадиција. Овие шпекулации ги потврди и подгреа лично косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи, кој во средата изјави дека Косово не екстрадира свои државјани и дека монструмите имаат двојно државјанство. Косовските власти не ги екстрадираат Демири и Исмаиловиќ и пласираат лажни информации во јавноста дека двајцата наводно имаат двојно државјанство. Но, и нашето Министерството за правда молчи и не изврши дополнителен притисок или пак не ги искористи "одличните односни и комуникација" со Косово, кои безброј пати досега беа истакнати“ - пишува Вечер


Косовскиот министер за правда, Хајреин Кучи рече дека Косово не ги испорачува своите државјани. 

„Сега се поставува прашањето зошто Косово не ги екстрадира двајцата монструми и одлучи да ги држи во притвор и да им суди за далеку поблаго кривично дело во Приштина и која е вистинска цел зад оваа постапка, но и зошто не се придржуваат и го игнорираат договорот за екстрадиција што беше потпишан пред неколку години.

Демири и Исмаиловиќ до крајот на месецот треба да се појават во приштинскиот суд, бидејќи се обвинети за недозволено држење на оружје и повеќе од сигурно е дека ќе бидат осудени, што само ќе ја пролонгира и онака неизвесната екстрадиција во Македонија“ - пишува Вечер

најчитано сега